Паул фон Хинденбург
Паул фон Хинденбург Paul von Hindenburg | |
| |
Втор претседател на Германија
| |
Мандат 12 мај 1925 – 2 август 1934 | |
Претходник | Фридрих Eберт |
---|---|
Следбеник | Адолф Хитлер |
Роден | 2 октомври 1847 Позен, Германија (денес Познањ, Полска) |
Починал | 2 август 1934 Нојдек, Германија (денес Суш, Полска) |
Партија | нема |
Паул Лудвиг Ханс Антон фон Бенекендорф унд фон Хинденбург (германски: ⓘ, познат како Паул фон Хинденбург) (2 октомври 1847 година – 2 август 1934 госина) бил германски фелдмаршал и државник.
Воена биографија
[уреди | уреди извор]Хинденбург имал незначајна, но долга кариера во Пруската армија, по што се повлекол, во 1913 година. Повторно бил повикан по избувнувањето на Првата светска војна и првпат бил широко претставен на народната јавност на шеесет и шест години. Бил назначен за командант на Источен фронт, како победникот од Таненберг и од Мазурски езера од 1914 година.[1] Како врховен заповедник на германски воени сили од октомври во 1916, тој и шефот на вооружените сили, Ерих Лудендорф, се кренале во очите на германската јавност. Останал на должност сè до потпишување на Версајскиот договот. Хинденбург повторно се повлекол од јавниот живот во 1919, но се вратил во јавниот живот уште еднаш во 1925, избран за втор претседател на Германија.
Претседател на Вајмарска Република
[уреди | уреди извор]На претседателски избори за Вајмарска Република во19125 година, поранешниот маршал Хинденберг победил како кандидат на здружена десница.[2]
Иако на 84 години и со нарушено здравје, Хинденбург морал повторно да се кандидира во 1932 како единствениот кандидат кој можел да го победи Адолф Хитлер, што и се случило. За време на вториот мандат како претседател, направил сѐ што можел за да ги спречи нацистите да стасаат до моќта, но на крај бил приморан да го назначи Хитлер за канцелар во јануари 1933 година. Во март го потпишал „Овластувачкиот акт“ од 1933 година, што им дал пособени моќи на Хитлер и неговата влада. Хинденбург умрел следната година, по што Хитлер ја прогласил неговата позиција за празна и себеси се прогласил за претседател.
Познатиот цепелин Хинденбург што бил соборен во 1937 година бил наречен така во негова чест, како и надвозникот од островот Силт до копното Шлезвиг-Холштајн, именуван Хинденбургдам, изграден за време на неговото претседателство.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
- Родени во 1847 година
- Починати во 1934 година
- Луѓе од Познањ
- Германски политичари
- Претседатели на Германија
- Германци од Првата светска војна
- Германски антикомунисти
- Германски монархисти
- Витези на Златното Руно
- Германски фелдмаршали
- Носители на прускиот Орден за заслуги (воен)
- Носители на Железниот крст (1914) од I класа
- Носители на Големиот крст на Железниот крст